Македоника Литера

Правек и другите времиња

Олга Токарчук

300 мкд

330 стр./формат 120 x 170 мм

      Нестандардно напишан, но извонреден роман. Ги има добиено сите можни книжевни награди во Полска, меѓу кои и најпрестижната награда за литература во Полска – Нике '97 (награда на читателите). Награден е и со Златно перо за превод.

      Правек се нарекува имагинарниот свет што го има создадено Олга Токарчук во својот роман. Тоа е едно просечно полско село, но во исто време и центар на универзумот, еден жив човечко-животински-растителен организам којшто се бори, преживува и се врти во постојаниот процес на изумирање и преродување. Приказната за Правек претставува приказна за човештвото. Токарчук во овој роман создава неприкосновено единство меѓу мислата и материјата, објективното и субјективното, природата и цивилизацијата, филозофијата и секојдневниот живот, промените и повторливоста.

      Во овој роман центарот на вниманието се сложените судбини на ликовите, а сврзувачкото ткиво, елемент на кој му се потчинуваат животните истории на сите суштества, е времето. Оттаму дејството на романот се дели на поглавја кои се нарекуваат: „Времето на Геновева“, „Времето на Михаил“, „Времето на Миша“ итн. Времето на романот може да се третира како двопланско. Дејството почнува во 1914 г. и се доведува до сегашноста, ги опфаќа сите повеќе или помалку значајни настани во историјата на Полска и светот во 20 век, но на тоа време му е дадено едно универзално значење. Сето тоа може да се случува „кога било и каде било“.  „Времето“ на животот на претставниците на трите поколенија жители на Правек ги определува најважните историски епизоди на 20 век. Од перото на Олга Токарчук излегува еден вид роман-епопеја, но за овие настани таа никогаш не зборува непосредно, туку секогаш низ...

Добро е, убаво е

Ивица Пртењача

150 ден.

134 стр., 200 х 140 мм, 2009


      Роман со современа приказна за меланхолијата, депресијата и осаменоста, но пред сё за љубовта, па и за сексот. Во неа главните координати се младиот писател, една книжарница, еден секогаш празен стан, млада сосетка, средношколка, смс-пораки, дежурство зад шпионката... Меѓу тие координати авторот го создава светот на  главниот лик – осаменик и фантазер, соочен со меланхолијата и копнежите за доброто и убавото... 

Московијада

 Јуриј Андрухович

 100 мкд

 162 стр., 200 х 140 мм, 2009

      Постмодернистичка проза, роман на стравот, ужасот и хаосот. Роман за залезот на Советскиот Сојуз и за разнобојното подземје на московскиот режим.

      Жестока транзициона гротеска, за смртта на поединецот, за обезвреднувањето на човечноста, за чувството на националната загубеност и преиспитувањето на идентитетот.

      Нарачај

Тројца за никаде

Ива Херцикова, Халина Павловска, Михал Вивег

 

150 ден. 

 228 стр./ формат 120 х 170

     Роман за триаголниците. Овој необичен и интересен роман на популарните чешки автори е еден од најчитаните романи во Чешка во последниве неколку години.

Секој од тројцата автори посебно пишува „во името“ на својот лик, а кога почнале да пишуваат однапред ги знаел само имињата, годините, професијата на ликовите и состојбата „на својот херој“. Херцигова, Вивег и Павловска една година наизменично своите...

Валкани приказни

Моника Пјонтковска

200 мкд

200 стр., 200 х 140 мм, 2011

  Заедничкиот именител на дванаесетте раскази во „Валкани приказни“ е тематската нишка: подлоста, расипаноста, злобата, суровоста и злото кои можат да се појават во секое време, на секое место и кај секој човек.

   Главните јунаци се различни луѓе кои припаѓаат на различни социјални групи, кои пак застрануваат по лош пат или на некој начин се поврзани со злосторства. Мотивот за нивните постапки е различен. Некогаш тоа е погрешниот...