Македоника Литера

Нигде, одникаде

Беким Сејрановиќ

300 мкд

230 стр./ A5 формат (200 x 140 мм), 2008

Награда „Меша Селимовиќ” за најдобар роман објавен во 2008 година на подрачјето на Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора

   Автобиографска приказна за осаменото растење во разни културни светови и за потрагата по идентитетот.

      Главниот јунак често го менува местото на живеење и често се сели. Расте во Босна, тинејџерските години ги минува во Хрватска, а потоа заминува во егзил во Норвешка. Се обидува да се врати и во Босна и во Хрватска, но открива дека веќе не припаѓа целосно на ниеден од тие светови. Но не може да се вдоми ни во Норвешка, во која не може да се приспособи, зашто и таа не е неговиот свет. Чувствува дека е нигде и одникаде.

   Превод од хрватски јазик: Ленче Тосева

Рецензија на www.najboljdeknjige.com

      Нарачај

Анастасиа

Далибор Шимпрага

250 мкд

286 стр./A5 формат (200 x 140)

     

   Награда „Т-портал” за најдобар роман во Хрватска во 2008 година.  Роман со неколку паралелни приказни, едната директно поврзана со Македонија, а во другите секогаш се наѕира темата Македонија...

      „Немам `роднински` врски со споменатите места, романот не е автобиографски. Мене ми беше важно приказната во еден дел да има врска со Македонија, значи, не со некоја неименувана словенска земја на Балканот. Македонија нам од...

Нашиот човек на теренот

Роберт Перишиќ


Награда „Јутарњи лист” за најдобра прозна книга во Хрватска во 2008 година

300 мкд

300 стр./ A5 формат (200 x 140)

      Најпродавана книга во Хрватска во 2008 година. Брилијантен роман кој ја промени сликата за современата хрватска книжевност. Фасцинантно духовит, амбициозен, луциден, елегантно напишан. Прилично комплексен во едноставното раскажување на сликичките од животот. Од секојдневното ништо е направено уметнички нешто.

...

Во што се вљубувамe

Роман Симиќ

250 мкд

182 стр. / A5 формат (200 x 140 мм)

Награда „Јутарњи лист” за најдобра прозна книга во Хрватска во 2005 година

     Книга за сладокусци, за читатели со вкус за висока естетика. Сè уште меѓу најчитаните во Хрватска, преведена на неколку јазици.

      Книгата содржи несекојдневни возбудливи приказни за љубовта, за растењето и семејниот живот, за градското секојдневје и за изненадувачките настани кои на јунаците во овие раскази им ја менуваат сликата на нивниот живот. Тоа...

Пустини

Раде Јарак

120 мкд

144 стр. / A5 формат (200 x 140 мм)

Награда „Јутарњи лист“ за најдобра прозна книга во Хрватска во 2009 година

     „Пустини“ содржи и фикција и автобиографија. За него авторот вели дека е сиот негов живот.

      Тоа е роман хибрид, кој излегува од класичните дефинирања на жанрот. Тоа е роман во којшто стварноста ја отвора потсвеста и во којшто се испреплетени стварното и фикцијата, субјектот и објектот, со извонредно сугестивни описи на амбиентот и на...