Македоника Литера

Изневера

Биргита Тротциг

150 ден.
132 стр., 170 х 125 мм, 2006     

   Во „Изневера“ е проткаена љубов која никогаш не добива шанса да се развива слободно и која постепено се претвора во уништување, страдање и болка. 

Ова е длабоко сугестивна драма испреплетена за сложените услови на човековото опстојување – драматика исполнета со силно разбудени и невозвратени копнежи, болка и љубомора, сомнежи и исчекувања на несреќните луѓе. Од приказната за начинот на кој се спојуваат индивидуалните судбини извира негирање: тоа не ни се случува нам и не околу нас, тоа не сме ние, доколку такво нешто се случило тогаш мора да било во темниците на средниот век. Биргита Тротциг раскажува колку е присутно насилството во човекот, а тој пак колку може да биде суров спрема најблиските. 

Чудниот случај на Бенџамин Батон

Френсис Скот Фицџералд

250 мкд

214 стр./A5 формат (200 x 140)

      Избор од најрепрезентативните раскази на големиот мајстор на кусата проза. 

     Според неговиот најпознат расказ Чудниот случај на Бенџамин Батон е снимен истоимен филм во режија на Дејвид Финчер, со Бред Пит и Кејт Бланшет во главните улоги. Филмот доби многу награди, меѓу кои и на три „Оскари“.

   Превод од англиски јазик: Катица Гароска Ацевска

      Нарачај

Штурец на огниште

Чарлс Дикенс

100 мкд

188 стр./A5 формат (200 x 140)

      Чарлс Дикенс (1812-1870) е најзначаен и најпопуларен романописец од викторијанската ера на англиската книжевност. Се смета за основоположник на социјалниот роман и го слика животот на ниските граѓански слоеви. Неговите дела се популарни и кај младите и кај возрасните читатели.

      Штурец на огниште е петта од неговите познати т.н. божиќни книги. Дикенс ја...

Најубавите писма на великаните

Избор, превод и адаптација: Тамара Арсовска

300 ден.

188 стр./A5 формат (200 x 140)

      Најубавите љубовни писма на познати личности.
     Во оваа книга, која  припаѓа на епистоларната книжевност, се објавени најубавите љубовни писма на најпознатите писатели и уметници, но и владетели и научници. На Рајнер Марија Рилке, Марина Цветаева, Борис Пастернак, Гете, Антон Чехов, Лав Толстој, Фјодор Достоевски, Владимир Мајаковски, Хенри Милер, Џемс Џојс, Гијом Аполинер, Густав Малер, Франц Кафка...

12 жени. Гласови

Антологија на јужнословенска женска проза
(Избор: Весна Мојсова Чепишевска)


200 мкд

254 стр./ формат 170 x 120

      Антологиски избор на нова проза од јужнословенските авторки: Јадранка Владова, Елена Алексиева, Здравка Ефтимова, Мирјана Новаковиќ, Звонка Газивода, Драгана Кршенковиќ Брковиќ, Јасмина Мусабеговиќ, Фадила Нура Хавер, Лидија Вукчевиќ, Јулијана Матановиќ, Татјана Громача и Мојца Кумердеј.