Македоника Литера

Мене никогаш не ме оставаа да зборувам

Исидоро Блајстен

200 мкд

172 стр./ A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

      „Мене никогаш не ме оставаа да зборувам“ е збирка раскази што ги содржи најпознатите приказни на Блајстен, како што се „Даблин на југот“, „Среќа“, како и раска­зот чијшто наслов го носи самата книга. Тие се извонреден одраз на генијот и раскажувачката виртуозност на Блајстен, како и доказ за вонредниот интелект на авторот.

       За оваа негова книга е кажано:

      „Блајстен му припаѓа на оној вид раскажувачи на апсурдот кои нѐ тераат меѓу два напада на громогласна смеа или меѓу два брана на морничавост да ги увидиме сите нијанси на животниот спектар. Чудно е да се почувствува толку среќа од читање... извонреден час по книжевност.“ – „Л нувел обсерватер“

      „Во приказните на Блајстен е присутна верна сенка на Џонатан Свифт, Марсел Швоб, Хуан Хосе Ареола, Кортасар и Борхес. А зарем може да биде поинаку кога сите тие го обработувале апсурдот до неговите крајности и сите тие биле одлични раскажувачи – две доблести што исто така се препознаваат и кај Исидоро Блајстен“ – Висенте Батиста.

      Исидоро Блајстен (1933 – 2004) е аргентински раскажувач, романсиер, есеист и поет. Бил припадник на еврејската заедница што ги населувала руралните предели во провинцијата Ентре Риос во Аргентина за време на првата половина на 20-тиот век. Роден е со презимето Блајстајн, кое подоцна го менува во Блај­стен, иако понекогаш уште се потпишувал како Блајстајн.

      Член бил на Аргентинската академија за писменост од 2001 до неговата смрт и дописник на Кралската шпанска академија, го комбинирал...

Сабо запре

Ото Хорват

150 мкд

124 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

Прочитај извадок

    Романот одново ги поставува прашањата како да се раскажуваат приказните, како да се помести раскажувачкиот глас и да се извести светот за најтрагичниот момент, како да се размести она што се вика живот, изместен од болката на смртта на ближниот.

    Јунакот во романот, кој има автобиографски карактер, ги раздиплува своите сеќавања за...

Мостот на реката Квај

Пјер Бул

250 мкд

190 стр./ A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

      „Мостот на реката Квај“ (1952) е фасцинантна приказна за храброста, истрајноста и судирот на две завојувани империи, навидум сосема различни, но сепак прилично сродни. Романот е фикција, но е напишан врз основа на вистински настани.

      Во 1942 година, среде походот низ Азија, на Јапонците им е потребна железница од Бурма кон север, која треба...

Грациела

Алфонс де Ламартин

200 мкд

145 стр./ A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

      „Грациела“ е еден од најубавите љубовни романи на романтизмот, а во многу анкети е сместуван меѓу најдобрите љубовни романи на сите времиња во светската книжевност. Тоа е роман за љубовта и меланхолијата, елегична и романтична поезија преточена во роман, со силна лирика.

     Алфонс де Ламартин (1790-1869) е една од најзначајните фигури...

Нема слонови во Мексико

Зоран Пилиќ

150 мкд

142 стр. 200 х 140 мм, 2016

      Зоран Пилиќ е раскажувач кој во својата проза посебно внимание ѝ посветува на приказната. Јунаци во тие приказни се малите луѓе од општествените маргини соочени малите нешта кои се од големо и судбинско значење за тие мали луѓе. Станува збор за писател со ори­ги­нален, привлечен и префинет стил со чувство за важното и неиз­го­вореното.

      „Нема слонови во...