Македоника Литера

Одеднаш, тропање на вратата

Етгар Керет

200 мкд.

174 стр./ A5 формат (200 x 140), 2017

      „Одеднаш, тропање на вратата“ (2010) е меѓу најпознатите дела на Керет кое ги потврдува неговата бескрајна инге­ниоз­ност и луцидност. Книгата почнува со расказ во кој човек упаѓа во домот на писателот и бара да му раскаже приказна, бидејќи вистинскиот свет го истоштува и му е потребно нешто поинакво. Познатата монотонија и возбудливото „нешто поинакво“ се појавуваат во многу раскази: фантазијата ја презема контролата и се создава еден апсурден, надреален свет.

      Во друг расказ, патолошки лажго открива дека сите негови лаги се вистина, а во трет се раскажува за млада жена која наоѓа минијатурен патент во устата на партнерот. Кога го откопчува, партнерот буквално ѝ се отвора и внатре таа го наоѓа Јирген, кој по сè изгледа, не е Евреин. Расказите се смешни, но и мрачни и заканувачки. Сепак, Керет на читателот му нуди и прекрасни моменти на добрина и се стреми да ја најде човечката искра во еден мрачен свет.

      Оваа збирка раскази е преведена на повеќе од 20 јазици, меѓу кои на англиски, германски, француски, италијански, холандски, кинески, јапонски, шпански, турски, бугарски и хрватски јазик.

      За овој израелски автор Салман Ружди вели дека „Керет е брилијантен автор, сосема поинаков од сите други што ги знам. Тој е гласот на идната генерација“. А за оваа негова книга со раскази, но и за неговото творештво, меѓу другото, е напишано:

      „Најдоброто, најзрелото дело на Керет до моментов – прекрасна изведба на неговата...

Сè што не помнам

Јонас Хасен Кемири

250 мкд

255 стр./ A5 формат (200 x 140), 2017

      Романот претставува необична приказна за љубовта, пријателството и насилството – која нараторите ја раскажуваат во фрагменти за починатиот пријател Самуел кој и понатаму живее во нивните сеќавања, откако пак неговите блиски доживеале различни судбини.

      Всушност, повеќе животни судбини, исполнети со страв да не го загубат минатото, се...

Лајка

Адријан Алуј Георге

250 мкд

305 стр./ A5 формат (200x140), 2017

      Во романот се раскажува приказна за последните моменти на комунизмот во еден санаториум, додека пред очите на пациентите се одвива Револуцијата. До самиот крај на тоталитарниот период во Романија, менталната болница во Глод служи како скривалиште за поранешни комунистички мачители и активисти повлечени од системот, заедно со пациенти со широка палета на болести, меѓу кои и со лажни заболувања.

      Кучето Лајка е...

Малиот Јоханес

Фредерик ван Еден

150 мкд

144 стр. / A5 формат (200x140)

   „Малиот Јоханес“ (1887) е психолошки и фантастичен роман – авантура за едно обично момче кое ги спознава суровите реалности на животот, како и празните надежи за подобар живот по смртта, но коешто на крајот наоѓа смисла во помагањето на сите околу себе. Приказната изобилува со силна алегорија и симболика.

     Иако се потпира на детската фантазија и, како што...

Мостот на небесата

Ш. И. Хсиунг

350 мкд

332 стр. / A5 формат (200 x 140), 2018

Прочитај извадок

      Романот е социјален, духовит и сатиричен, базиран на реални и вистински историски настани. На извонреден, ненаметлив и мајсторски начин, авторот го запознава странскиот читател со кинеската култура, обичаите, традицијата и општествените настани во периодот од крајот на 19 и почетокот на 20 век, во бурните и драматични настани по кои Кина од царство станува република.

...