Македоника Литера

Еден живот

Итало Звево

350 мкд

332 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

      Во „Еден живот“ е карактеристично чувството на пораз и неуспех на индивидуата во нејзините двосмислени односи со општеството – многу корумпирано и без идеали, општество што го притиска и од кое и таа е дел: во кое истовремено е и жртва и угнетувач, предизвикан да се засолни пред сё во сонот отколку да се соочи со реалноста. Овој роман востановува една форма на реализам: превртен реализам, т.е. анализа на општеството однатре, преку кризата на вредности, преку свеста за личноста што таквото општество го претставува.

   Превод од италијански јазик: Анета Симовска

 

Забранетото краластво

Јан Јакоб Слауерхоф

200 мкд

156 стр., 200 х 140 мм, 2016

Прочитај извадок

    Авантуристичко-психолош­ки роман во кој паралелно течат две приказни: таа на португалскиот национален поет Луис де Камоиш и на безимен бродски радиооператор од 20-тиот век. Преку спој на историска хроника, фикција и личен коментар, романот ги спојува двата навидум неповрзани живота. Слауерхоф го вовлекува читателот во импресивниот свет на егзотиката, пре­давството и прогонството, каде што се соединуваат мина­тото...

Александар Македонски: Наследникот на власта

Нелја Гулчук

500 мкд

416 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

     Втор роман на Нелја Гулчук од трилогијата романи за Александар Македонски.

     Во овој роман авторката ја раскажува приказната за Александар и за неговото царство преку призмата на еден од неговите најблиски пријатели, војсководецот Селевк, кој подоцна бил основач и управител на истоимената царска династија на Блискиот и Средниот Исток.

     Всушност, таа раскажува за периодот на...

Дневниците од оризова хартија

Франческа Ридерк

300 мкд

206 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

 Прочитај извадок

      Книга на годината во Велс во 2014 година

    Романот е приказна за маргините на војната, базирана врз вистински доживувања. Четири испреплетени нарации го пренесуваат интимниот пустош во поединечните животи предизвикан од воениот конфликт. Пролетта 1940 година, тукушто мажената Елса Џонс им припаѓа на високите кругови во Хонг Конг, но набргу завршува во импровизиран јапонски логор за европската...

Копање

Кинан Џонс

150 мкд

144 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

Прочитај извадок

      Книга на годината во Велс во 2015 година.

     „Копање“ е жесток краток роман, сочинет од испреплетените приказни на ловец на јазовци и еден неутешен фармер, кои се одвиваат во сурова рурална средина каде што човекот, животното, земјата и временските услови постојано се жестоко спротивставени. Патиштата на двајцата се вкрстуваат со трагична неминовност.

...