Македоника Литера

Украдена љубов

Дача Мараини

250 мкд

152 стр., 200 х 140 мм, 2014

      Дача Мараини е најпозната италијанска писателка во светот, добитник на високи награди и кандидат за Нобеловата награда за литература. За романот „Украдена љубов“ (L’Amore rubato, 2012 год.) веднаш по објавувањето ја доби наградатa од Фондацијата Кампиело (Premio Fondazione Il Campiello). Книгата е брзо прифатена од читателите во Италија – само во првите четири недели од издавањето достигна пет изданија.

      Осумте живи, реални и безвремени приказни ова дело ќе допрат и до македонската читателска публика.

      Во сите приказни, изострени и совршени, непоколебливи и способни да возбудат и да разочараат, Дача Мараини раскажува за свет поделен меѓу оние коишто со исконската тврдоглавост другиот го сметаат за објект што го поседуваат и од кого очекуваат да им робува. Покрај сите убави нешта што се поврзуваат со љубовта, ова четиво нуди една нејзина димензија по малку сурова но за жал и многу реална.

      Жените кои раскажуваат сакаат да покажат нешто интимно, неопходно и болно. Раскажуваат за насилството во името на љубовта. Протагонистките на „Украдена љубов“ водат една прастара и секогаш актуелна борба против љубените мажи, коишто, се покажува дека сè почесто не се способни да возвратат на нивната љубов, да се соочат со одбивањето, копнежот, па прибегнуваат кон поинаков начин на освојување на љубовта, крадејќи ја од жените, девојките, девојчињата...

      Нарачај

 

Свежо обоено

Јосип Млакиќ

200 мкд

164 стр., 200 х 140 мм, 2015

Награда „Владимир Назор“ 2015

      Во романот Свежо обоено Јосип Млакиќ со едноставен но ефективен и култивиран стил, го опишува тешкиот и опасен пат по кој една мајка и нејзината  шестгодишна ќерка, бегаат пеш од едно мало место за време на воените дејствија во Босна. Вооружани само со малку храна и еден пиштол, тие тргнуваат во борбата за опстанок, додека мајката хранета со неизмерната љубов кон сопственото чедо, со сета сила се труди да...

Темно, речиси ноќ

Јоана Батор

350 мкд

448 стр./ A5 формат (200 x 140)

Награда НИКЕ 2013

      Прочитај извадок

      Алиција, позната новинарка, која работи за еден од најголемите весници во Варшава (главниот јунак во овој роман), се враќа до својот роден град Валбжих да направи репортажа за трите исчезнати деца.

      Краткото враќање дома во неа ќе ги разбуди старите убави, но и болни сеќавања од своето минато. Во овој град Алиција...

Констанца Ринг

Амалија Скрам

300 мкд

304 стр., А5 (200 х 140 мм), 2015 г.

 

Прочитај извадок

      Контрoверзен и експлицитен, романот им е посветен на сексот, неверството, бракот, правата на жената и моралната хипокризија.

      Во него е раскажана приказна за млада жена – главната хероина, која очајно се спротивставува на силите кои го воспоставуваат животот на жената во едно општeство кое, пак, ѝ нуди малку избори. Во романот Скрам ги изнесува своите беском­промисни ставови за религијата, бракот и...

Тајната во нивните очи

Едуардо Сачери

350 мкд

264 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

Прочитај извадок

      „Тајната во нивните очи“ на Едуардо Сачери е роман во кој низ очите на главниот лик Бен­хамин Чапаро, судски служ­беник од Буенос Аирес, е рас­кажана приказната која оставила најголема трага во неговиот живот.

      Овој трилер, виртуозно раскажан од Сачери, го прикажува долгогодишното разрешување на еден грозен чин од времето на...