Македоника Литера

Можеби заминуваме

   Јан Балабан

   200 мкд

    150 стр., А5 (200 х 140 мм), 2018

    Книгата е наградена со најпрестижната книжевна награда во Чешка – „Магнезија литера“ за најдобра чешка проза во 2005 година и е прогласена за книга на декадата во Чешка (2002 – 2011), како и со наградата на читателите – Книга на годината според анкетата на весникот „Лидове новини“ во 2004 година.

    „Можеби заминуваме“ е книга во која авторот пишува за судбините на сосема обичните луѓе кои вообичаено се соочуваат со болката, самотијата, празнотијата, среќата или со разочарувањето и затоа авторот е нарекуван познавач на човечката тага. Притоа, Балабан ги ползува митовите, легендите, Библијата, колективната меморија или духот на времето за да биде максимално уверлив во раскажувањето на приказните во дваесетте раскази, кои тематски и структурно се сосема различни, но сите подеднакво привлечни за читање. Раскажува за ситуации за кои се чини дека нема излез, дека нема пат напред или дека патот секогаш е непознатост и иднина. И затоа крајот на неговите раскази е речиси секогаш отворен. Од критиката е наречен егзистенцијалистички писател. 

    Јан Балабан (1961 – 2010) е еден од најпознатите чешки книжевни творци, не само на својата средна генерација, туку воопшто во современата чешка литература. Успеал да им даде тежина на обичните зборови и на обичните настани.

   Превод од чешки јазик: Донка Роус

Мелница за мумии

   Петр Станчик

   300 мкд

   294 стр., A5 формат (200 x 140), 2018

    Книгата е наградена со најпрестижната книжевна награда во Чешка – „Магнезија литера“ за најдобра чешка проза во 2015 година.

   Романот е означен како „мистичен гастрономско-порнографски трилер“ и тој всушност е пародија, гротеска, хумор, иронија, алузија, историја, психологија, културологија, еротика, порнографија... Но е и роман што им припаѓа на повеќе жанрови: историски, магичен реализам, фантастичен, детективски...

Бегалски мозаик

 Ен Мајклс

 250 мкд

 233 стр. /A5 формат (200 x 140), 2018

    „Бегалски мозаик“ е најпознатото дело на Ен Мајклс. Наградено е со дури 12 високи книжевни награди. Според овој роман, во 2007 година, е снимен игран филм во режија на Џереми Подесва, а главните улоги ги толкуваат Стивен Дилејн (Јакоб) и Раде Шербеџија (Атос). Шербеџија ја доби наградата за најдобар актер на Римскиот филмски фестивал за улогата на Атос. 

...

Писателот оддалеку

 Владан Матијевиќ

 200 мкд

 233 стр. /A5 формат (200 x 140), 2017

     Награда „НИН“

    „Писателот оддалеку“ е пародичен, ироничен, зајадлив, сурово реалистичен роман.

    Во него авторот си поигрува со романескните конвенции, се нотсмева со писателот кој пишува роман за да ја добие наградата за роман на српската фабрика за шеќер. Но се поигрува и со постмодерните дискурси на раскажување. Тоа е приказна за писателот шарлатан кој се бори да се прослави како писател, а тоа исмевање всушност...

Осум планини

 Паоло Коњети

 300 мкд

 200 стр. / A5 формат (200 x 140), 2019

 Прочитај извадок

     „Осум планини“ е добитник на наградата „Стрега“ за 2017 година, преведен е на 39 јазици и досега е веќе продаден во повеќе од еден милион примероци во светот – најмногу во Италија во близу 400.000, во Холандија над 200.000, а во Франција и во Германија над сто илјади примероци.

    Освен наградата „Стрега“ доби уште шест високи книжевни награди во Италија и...