Македоника Литера

Прашај го тато

 

Јан Балабан

200 ден.

160 стр. / A5 формат (200 x 140), 2019

      Романот е награден со најпрестижната книжевна награда во Чешка – „Магнезија литера“ за најдобра чешка проза во 2011 и со Книга на годината во Чешка, 2011 година.

    Романот е речиси автобиографски и речиси пророклив. Кога авторот го завршува пишувањето на романот, завршува и неговиот живот. Раскажувањето е потрага и самопотрага, за времето што поминало и за иднината што ја претчувствува... Мачниот и депресивен тон во раскажувањето е само привиден, зашто овде се открива нишката која ги менува односот и сознанието за суштината на животот. Балабан пишува со смирен и раскошен поетски јазик.

   Д-р Јан Недома по смртта остава три возрасни деца и седумдесетгодишна вдовица. Децата се обидуваат да се справат со личните проблеми и со тажното секојдневје по татковата смрт. Набргу почнуваат да примаат чудни писма од стариот пријател на татко им, тврдејќи дека Јан Недома бил злосторник, зашто си дозволил да изигрува бог, решавајќи по своја волја кои пациенти да имаат право на живот и кои не. Овие вознемирувачки писма и чудните соништа ги наведуваат да се присетат на настани од детството и да ги преиспитаат. Така, на површина ќе излезе дека духот на ерата на комунистичкиот режим во Чешка е сè уште присутен...

   Превод од чешки јазик: Донка Роус, Даниела Роус Мишевска


    

Само дојди си дома

  Андреј Е. Скубиц

  250 мкд.

  238 стр./ A5 формат (200x140)

 

       „Само дојди си дома“ (2014), кој е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, „Кресник“ за 2015 година, опфаќа многу актуелна и претходно необработена тема во словенечката книжевност: политичките тајкуни и корупцијата.

      Во вителот од настани, кои може истовремено да се читаат како крими-фикција и како драма, критиката препознава и референтни точки од...

Во темнината

  Ана Болава

  250 мкд.

  228 стр./ A5 формат (200 x 140), 2018

    „Во темнината“ е наградена со највисоката книжевна награда во Чешка „Магнезија литера“ за проза за 2016 година. Романот е лелеава приказна за билките.

    Во него е раскажана приказна за осамена и болна жена која цел живот е зависна од собирање лековити билки. Најголемиот дел од својот живот таа го посветува на собирање, сушење и продажба на билки. Собирањето, сушењето и испораката на лековити растенија за главната хероина...

Сапунот на Леополд Блум

 

Нора Југа

250 мкд

236 стр. / A5 формат (200 x 140 мм), 2018

       „Сапунот на Леополд Блум“ е комплексен роман во кој се мешаат жанрови. Тој е своевиден стилски експеримент со длабока оригиналност, со што пак не е жртвувана приказната. Во раскажувањето често се губи границата меѓу реалното и надреалното, лирското и фактографското раскажување.           

       Како и во неколку други дела на Нора Југа, и...

Шумата на обесените

 

Ливиу Ребреану

300 мкд.

270 стр./ A5 формат (200x140)

 

      „Шумата на обесените“ (1922) е класичен психолошки роман за Првата светска војна, во кој авторот го изнесува својот гнев од личните искуства со австроунгарската војска и судбината на неговиот брат Емил Ребреану, офицер во австроунгарската војска, кој бил осуден за шпионажа и дезертерство, а во 1917 година бил обесен.
Во...