Македоника Литера

Адела

Гарабет Ибраилеану

250 ден.

160 стр., 200 х 140 мм, 2023 г.

 

 „Адела“ е класика во романската литература и е филозофски роман во кој главен лик е љубовта.

Ова е роман за искушенијата на љубовта, за судирот меѓу разумот и чувствата, за енигмата на вечниот женски принцип. Инспирирана апотеоза на животот, осмислена од љубовта.

Суштината на романот е анализата направена од четирие­сет­годишен човек, психолошка интроспекција која произлегува од душата на вечниот адолесцент и анимирана од духот на деликатниот интелектуалец, кој не верува во можноста за искрена љубов од жена дваесет години помлада од него.

Книгата се вбројува меѓу истакнатите дела на романските романсиери од периодот меѓу двете светски војни, познат како „златното доба“ на романската литература. Тогаш Романците, наспроти балканските соседи, успеаја да создадат галаксија на писатели од светска класа во поезијата и во прозата, меѓу кои се Мирчеа Елијаде, Александру Македонски, Тудор Аргези, Џорџе Баковија, Цезар Петреску, Камил Петреску, Маихаил Себастијан, Макс Блекер, Џорџ Калинеску, Јонел Теодо­ријану, Ливиу Ребреану, Џиб Михаеску, Жан Барт и други.

Модернистичките трендови во литературата во 1930-тите се присутни и во романот на Ибраилијану – симболични експери­менти со боите, промени во сликите и ликовите. Но, за разлика од повеќето негови современици, кои се свртуваат кон градот како сцена на модернистичка слика, Ибраилијану избира мало село во подножјето на Северните Карпати, опкружено со други села, планински врвови, тврдини и манастири. Напишан во прво лице еднина, романот го претставува нараторскиот јунак кој не само што раскажува, туку и безмилосно се самоанализира.

...

Броеница

Тамта Мелашвили

150 ден.

96 стр. / 150 ден.

Прочитај извадок

   Романот „Броеница“ од Тамта Мелашвили изразува протест против секоја војна, каде и да се води. Тамта Мелашвили во својот роман успева без експлозии и истрели, сурово и како гола вистина да го претстави најсуровиот лик – војната. Таа раскажува за болката со болка, за нежноста со нежност, за стравот со детскиот страв и доловува еден руиниран и расплакан живот полн со болка и страдање, но ги доловува и детската итрина и...

За тоа ли беше сè?

Евтим Евтимов

 150 ден.

 220 стр. /A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

    Романот „За тоа ли беше сè“ од познатиот бугарски писател Евтим Евтимове напишан со современ стилски израз и со вешто изведена структура. Во основа е политички роман, но тој, пред сè, е постмодерно егзистен­ци­јален, во кој на еден суптилен начин авторот говори за човечката судбина, за страдањата на човекот поради политичките парадокси. 

   Дејството е сместено во бугарскиот политички контекст по Втората...

Теорија на чудноста

  Павла Хоракова

400 ден.

302 стр. / A5 формат (200 x 140), 2020 г.

Прочитај извадок

  Награда „Магнезија литера“ за најдобра проза во 2019 година.

   Романот „Teорија на чудноста" претставува брилијантно прикажана потрага по длабокото значење на животот. Во него опишани се неколку месеци од животот на Ада Сабова, нестереотипна, млада, урбана интелектуалка, која се обидува да ги балансира приватниот живот и кариерата. Разочарана од врските, од предвидливиот модел на својот живот, а...

Гордиот Дабидеш

Ирена Доускова

 200 ден.

150 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

   „Гордиот Дабидеш“ е едно од најпознатите чешки прозни дела на 21 век, извонредно успешен и познат бестселер со повеќе изданија на чешки јазик и е преведен на петнаесетина јазици. Неговата сценска адаптација долго време се изведува во чешките театри и често е прикажувана на чешката телевизија.
„Гордиот Дабидеш“ е најуспешната...