Македоника Литера

Tивко рушење

Ивица Пртењача

150 ден.

134 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

  Романот „Тивко рушење“ претставува тематско и мотивско продолжение на неговиот награден роман „Брдо“.

  Во „Тивко рушење“ авторот повторно се качува на „брдо“, но овојпат тоа се наоѓа во еден трошен стан во една загрепска улица. Главниот јунак, молер со диплома професор по литература, со својот помошник треба да ги истружат ѕидовите на еден стан и повторно да ги обојат. Се чини дека тоа е работа по негова мерка, зашто е прилично осамена рутинска работа, далеку од луѓето, во осаменост, токму како што сака тој. Но човекот што ги ангажирал и неговата животна приказна ќе ги променат животите на сите ликови во романот.

„Тивко рушење“ може да се смета како трета книга од своевидната трилогија романи во која се и „Добро е, убаво е“ и „Брдо“. Во сите три дела основниот тематски мотив е осаменоста, а главниот лик е антијунак. Овој роман е покомплексен од претходните и е напишан со чист поетски јазик, со стилски прецизни реченици, преполн со необични метафори. „Тивко рушење“ е напишан како контрапункт на Брдо

Имот

Федериго Тоци

200 ден.

174 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

   Со овој роман со кој Тоци влезе во историјата на италијанската литература, а критиката го споредуваше со Кафка и со Достоевски и се смета за значајно дело на италијанската литература од првите децении на 20 век. Во „Имот“ тој го опишува светот на немирот, неспокојот и стравот предизвикани од контактот со реалноста којашто е заканувачка, мрачна, агресивна.Тоа е свет составен од трауми, отворени рани, длабоки повреди на...

Никогаш на врвот

Паоло Коњети

200 ден.

116 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

   Книгата „Никогаш на врвот" oд Паоло Коњети е патописна проза  за негоите патешествија до најголемите земјени височини. На Хималаите. Раскажува топло и детално за тоа како планинарот ги балансира волјата, напорот и болката предизвикани од планината, како се зборува со тибетско куче, како пејзажот станува драма за телото и за духот, зашто Хималаите не се предел во кој се навлегува лесно: тие се жива планина, населена...

Биро за проверка

Александар Архангелски

400 ден.

366 стр./A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

    Награда „Бољшаја книга“ – втора награда, за 2018 година. 

   Дејството на романот се вклопува во само девет дена од јули 1980 година, се одвива на територијата на Москва, при што Александар Архангелски, без никаква трага на носталгија или одвратност кон таа советска ера, многу успешно ја доловува атмосферата од тоа време. И токму во тие девет дена, додека Москва ги слави и ги живее деновите на Олимписките игри...

Леонардо да Винчи и неговото време

Атле Нес

650 ден.

296 стр. / Б5 (240 х 170), 2021 г.

Прочитај извадок

   „Леонардо да Винчи и неговото време“ од норвешкиот писател Атле Нес, е книга во која тој за Леонардо да Винчи раскажува инспиративно, возбудливо и документирано за безграничната фантазија и генијалниот талент на Леонардо, за неговите ремек-дела, за скиците и цртежите, за кодираните белешки, за познати и малку познати нешта поврзани со неговото творештво и со неговата личност. Нес на импресивен начин го опишува...