Македоника Литера

Исушено блато

  Јанко Полиќ Камов

  300 мкд

  331 стр. /A5 формат (200x140)

     Јанко Полиќ Камов е хрватски писател. Декадент, егоцентрик, чудна и контроверзна личност, апокалиптичен поет, прв хрватски поет на асфалтот. Најнеобичната фигура во новата хрватска литература, авангардист пред да настапи хрватската книжевна авангарда. Неприфатен и несфатен во своето време, забрануван.

     

Ја оспорува традицијата, ги отвора табуата, внесува иновации во литературата. Во неговите дела има сатира, сарказам, еротизам, револт против канонскиот морал; пишува жестоко, радикално, директно и искрено. Живее слободоумно и разуздано, а неговото творештво се потпира на автобиографските елементи и на неговиот немирен дух. Допира многу табуа, како сексот, пороците, болестите, лудилото, смртта...

    Најпознато дело му е романот „Исушено блато“ – своевиден интимен дневник на авторот. Слободен е во исказот и отворено и со иронија пишува за сè што го опкружува главниот лик, од општествените состојби до алкохолизмот, садизмот и инцестот. Имал голема слобода во животот, но и во пишувањето.

Празнување на животот

 

  Нора Икстена

  150 мкд.

  113 стр./ A5 формат (200x140)

 

    Романот "Празнување на животот" е оценет како брилијантен, но тој не е само роман, туку самиот по себе е своевиден жанр. Не е ниту тажен, ниту радосен, туку е роман-рефлексија, чиешто читање претставува вистинско естетско искуство. Авторката од обичните човечки чувства и настани прави суштина, во која сепак најмногу значење им дава на вистинските љубови и на слободата и го поттикнува читателот да размислува кое од нив е...

Обител

  Захар Прилепин 

  700 мкд.

  664 стр. / A5 формат (200 x 140)

  Прочитај извадок

    Романот „Обител“ е базиран врз вистински настани и расветлува една темна точка и раскажува една дотогаш нераскажана трагична приказна од времето на сталинизмот: Соловецкиот манастир, претворен во ужасен логор, во првиот гулаг.

    Логорот се наоѓа на северот на Русија, во Белото Море. Основан е по Октомвриската револуција во 1917 година, какао...

Здивена

 Марина Шур Пухловски

200 мкд.

198 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

 

    „Здивена“ е роман кој ја разјаснува разликата меѓу заљубеноста и љубовта, односно е антиљубовен роман. Во него е раскажана приказна за „животот кој минува низ прстите“ и за љубовта во време на скудност и за времето без љубов.

   Пишуван во јас-форма, како интимна исповед и со прецизна нарација, овој роман покажува дека вљубеноста, таа состојба на првобитна...

Време за живот

  Маркос Хиралт Торенте

  200 мкд

  164 стр./ A5 формат (200 x 140), 2019

     Национална награда за литература на Шпанија, награда „Стрега“.

     Возбудлив и смел автобиографски роман за драматичната поврзаност меѓу татко и син, за тажните моменти и за опасните крстосници на животот. Храбра и убава, искрена и потресна исповед за која зборуваат читателите во светот. Страниците на оваа многу лична книга се проткаени со голема љубов – на синот спрема таткото кој му недостасувал во...