Македоника Литера

Blue moon

 

    Дамир Каракаш

    200 мкд.

  120 стр./ A5 формат (200 x 140), 2019

  Прочитај извадок

     Романот на хрватскиот писател Дамир Каракаш „Blue moon“ претставува предвоен роман од повоената хрватска книжевност. Авторот следи еден фанатичен рокер, пропаднат загрепски студент од провинција, на самиот крај на осумдесеттите години на дваесеттиот век.

   Во својата егзистенцијална изгубеност се соочува со најавата за војна која ја слуша на улица или во семејните разговори. Се соочува со судир на младешката супкултура и трауматичното семејно наследство. Во романот се прави спој на интимната и општествената атмосфера и уверливо се чувствува сликата на автентичната предвоена мачнина. Романот претставува слоевито збогување на јунакот со една младост и со едно време на безгрижност и студентска слобода и влегување во „светот на возрасните“, односно во сериозната доба во животот.

     Приказната за главниот лик Чарли се однесува на период од неколку месеци – откако тој првпат ќе ја види девојката од своите соништа до моментот кога нејзината бременост е напредната а идниот избезумен татко од прозорецот гледа како минува камион полн со мртви тела. Во приказната има епизоди од детството на главниот лик, кои всушност се случуваат во Лика – родниот крај на нетипичниот хрватски писател Дамир Каракаш. Романот се потпира на сопственото искуство на писателот, но не е автобиографски.

   Нарачај

Адам и Ева

Ливиу Ребреану

350 мкд.

288 стр./ A5 формат (200 x 140), 2020 г.

Прочитај извадок

      „Адам и Ева“ е едно од ремек-делата на големиот романски писател на 20 век Ливиу Ребреану (1885 – 1944). Ова е љубовен роман, но главната тема е верувањето во реинкарнацијата, односно метемпсихозата. Архетипска и андрогена двојка се бара и се надополнува во седум многу различни историски периоди. Главниот лик на романот, Тома Новак, поминува низ повеќе животи, прво е свештеник во Индија, потоа гувернер...

За жените

Бинг Син

300 мкд 

171 стр./ A5 формат (200x140), 2020 г.

Прочитај извадок

    Бинг Син е најпознатата фигура на ’женското писмо‘ во кинеската литература на 20 век. Во оваа книга ја раскажува сопствената верзија на феминизмот. И го поставува прашањето: Дали мажите или жените се поквалификувани да зборуваат за проблемите на современите жени?
    Оваа книга содржи раскази за различен тип жени и кои нудат различни претстави за
...

Во време на епидемија

 

Паоло Џордано 

150 ден.    

72 стр., А5 (200 х 140 мм), 2020

   „Не се плашам да се разболам. Тогаш од што се плашам? Од сѐ што епидемијата може да промени. Да открие дека оклопот на човештвото што го знам е кула од карти. Се плашам од поништување, но и од неговата спротивност: дека стравот ќе помине без да нѐ промени однатре“ – пишува Паоло Џордано во своите есеизирани и луцидни приказни од својата карантинска...

Звукот на формирањето на солта : раскази на генерациите од постосумдесеттите години во Кина

  Генг Сонг, Ќингсианг Јанг

 400 ден.

  368 стр. / A5 формат (200 x 140), 2020 г.

  Прочитај извадок

 

    Оваа антологија содржи 16 раскази од генерација кинески писатели родени во 80-те години на 20 век и потоа, како и критички вовед од приредувачите. Таа е прва од ваков вид на странски јазик, односно наменета за читателите надвор од Кина. Расказите се избрани врз основа на два критериума: широката распространетост и прифатеност на делата и на авторите и нивното значење за запознавање и...