Македоника Литера

Водата во езерото никогаш не е слатка

 Џулија Каминито
 
400 ден
Обем: 270 стр., формат: 200 х 140 мм, корица: мека, година: 2022
 
 Финалист на наградата „Стрега“

Награда „Стрега оф“

Награда „Кампиело“
 
Џулија Каминито во „Водата во езерото никогаш не е слатка“ ја раскажува приказната за една непријатна реалност, невидлива за многу современи писатели, но којашто удира без удари. Гаја и нејзиното семејство живеат во сиромаштија, се чувствуваат како да пловат во најматната вода, без надеж за бегство или подобрување на условите и животот. Но, тоа не е единствената движечка сила на овој роман. Неговата смела, искрена приказна ги отсликува вознемирувачките, неодговорени прашања на главниот лик и го открива лицемерството на инертното и изопачено општество.
   Приказната во романот во основа е социјална, тешка и мачна, но искрено и реално раскажана од аспект на младиот наратор и со младешки сензибилитет. Главниот лик Гаја е родена во проблематично семејство. Нејзината мајка, Антонија, прави сè што може за да му даде малку надеж на своето семејство, таа е двигателот на сè што треба да се направи за семејството, таа е столбот на семејството, која е бескрајно енергична за да ги надмине безнадежноста и неподносливоста и на своето семејство. Гаја ја поминува својата младост соочена со свет кој нема што да ѝ понуди, кој никогаш нема да ја прифати и кој нема да направи ништо за да биде прифатена. Ќе најде љубов и пријателство, но без вистински да ги прифати, ќе ја почувствува тежината на очекувањата, лагите и предавствата, љубомората, недоразбирањата, осаменоста и суровата реалност на животот...
   „Водата во езерото никогаш“ не е слатка доби повеќе позитивни критички...

Црвена вода

Јурица Павичиќ

 

400 ден.

320 стр., 200 х 140 мм, 2023

Романот „Црвена вода“ доби две високи книжевни награди во Хрватска и дури шест награди во Франција.

Во „Црвена вода“ е раскажана приказна за исчезнувањето на седумнаесетгодишно девојче кое го снемува во една септемврис­ка сабота во 1989 година по рибарскиот фестивал во мало гратче на далматинскиот брег. Полициската потрага не дава резултати, а околните политички настани – падот на систем, општествените промени и војната – го засенуваат...

Оган во снегот

 

Лука Вукушиќ

250 ден.

158 стр,, 200 х 140 мм, 2023 г.

 

За книгата со раскази „Оган во снегот“ Лука Вукушиќ ја доби наградата „Славиќ“ на Друштвото на хрватските писатели за 2018 година за најдобра дебитантска авторска книга во 2017 година.

Расказите во збирката претставуваат еден вид впечатоци, кратки слики извлечени од сеќавањето или секојдневниот живот, често обоени со тага или носталгија, чувство на осаменост, но и топлина на малите животни радости и убавина што може да се види во...

Русинката

Џиб Михаеску

500 ден

200 х 140, 320 стр., 2023

 

Ремек-дело на еден од најголемите романски класици.

Еден од најдобрите воени романи на европската литература, воен роман во форма на модерна бајка.

Дејството – на границата меѓу  Романија и Русија, набргу по Октомвриската револуција.

Главен лик – романски офицер, растргнат меѓу воените обврски и романтичниот порив спрема жените кои се неговата најголема опсесија. Дали тој ќе го најде својот...

Во главата на Бруно Шулц

Максим Билер

150 ден

56 стр., А5 (200 х 140), 2023

 

Во новелата „Во главата на Бруно Шулц“ Максим Билер раскажува приказна за големиот еврејски писател Бруно Шулц. Во оваа магична, трагикомична, бурлескна новела, тој ни нуди патување до полскиот град Дрохобиц, во светот на Бруно Шулц, во 1938 година. Нè води во подрумот каде што Бруно Шулц, кој работи како гимназиски професор по уметност и сонува за писателска слава во Европа, му пишува писмо на Томас Ман. Тој се надева дека светски...