Лиу Лиангченг
600 ден.
386 стр., 200 х 140 мм, 2024 г.
Романот „Доставувачот на пораки“ (2019) е егзотична, мистериозна и филозофска авантура на доставувач на пораки и магаре. Во него има многу фантастични елементи, и честопати се наведува читателот да се запраша каде е границата меѓу реалноста и заумноста, дали воопшто постои. Има и пасторални и филозофски елементи, а авторот го опишува односот меѓу луѓето и магарињата, односно најголемиот дел од приказната тече од магарешка, а помал дел од човечка перспектива. Заличува на надреална басна и по малку мистична, главните ликови се магариња, монаси, воини..., а дејството се случува во дамнешно неопределено време.
Преку ономатопејските звуци и метафори кои се застапени во романот, писателот како да ги поставува на исто рамниште природата и душата на сите живи и неживи суштества, земјата и рајот, реалното и нереалното. Овде дури и звукот добива своја форма за која луѓето не се свесни (можат да ја видат само магарињата). Како да не постои никаква разлика ниту меѓу човекот и животните, секој од нив во својот свет, со својот јазик. Во магичниот свет на Лиу Лиангченг лаежот на кучињата, магарешките рикови и песната на петлите имаат моќ да пренесуваат пораки од едно до друго растојание. Главните протагонисти, еден преведувач и едно магаре, исто така имаат задолжение да пренесат порака, патувајќи низ пустината, поминувајќи низ разни премрежиња и сведочејќи за војната меѓу две царства, кои војуваат толку одамна што веќе не се знае зошто почнале да војуваат.
Сместена во царствата Пиша и Хеиле, две завојувани земји без никаква официјална комуникација, оваа необична фантастична...