Македоника Литера

Катерина, Велика и Мала

 Оља Кнежевиќ 

350 ден.

256 стр. / A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

   „Катерина, Велика и Мала“, кој е победник на конкурсот за необјавен роман на издавачката куќа ВБЗ од Загреб во 2019 година, е хрватски бестселер. Тој е храбар и жесток роман. Авторката пишува директно, без задршка, без предрасуди и со страст за многу женски теми и дилеми, а посебно отворено за растењето, за љубовта, за сексот, за љубовните и за брачните врски.
 „Не се распаѓав само јас. Надвор од моите темни sидови, светот се распаѓаше“, вели главниот лик Катерина на едно место, додека од Мала станува Голема. На улиците на црногорската престолнина, кои во еден момент стануваат премали па се продолжени до Белград и Лондон, Катерина е автентичен глас со специфичен авторски стил што подразбира комбинација на интимното и јавното. Од растењето во залезот на социјализмот, преку индициите за сè што се случило во тој регион и нурнувањето во нова војна и транзиција, Катерина е доволно кревка а во исто време и доволно силна за да си овозможи себеси да се изневери и да падне во најтемните агли на социјалното подземје и најболните љубовни и брачни катастрофи.

 

Харковски басни

 Григориј Сковорода

150 ден.

78 стр. / A5 формат (200 x 140), 2021 г.

   Григориј Савич Сковорода (1722 – 1794) бил украински филозоф, поет, учител, композитор на литургиска музика. Просветител, мудрец, учител на животот, бунтовник, моралист, мистик. Предавал поезија, синтакса, етика, грчки јазик, зборувал повеќе јазици, служел во царскиот двор, шетал низ Европа, па скитал низ Украина. Имал силно влијание врз идната уметност, филозофија, образование и украинското општество. Зад себе оставил...

Досадников

  Ана Багрјана

   200 ден.

   180 стр. / формат А5 (200 х 140)

   Специјална награда за издавачите на меѓународниот литературен натпревар „Крунисување на зборот“ (2012) и номинација за наградата Книга на годината во Украина.

   Антон Досадников, кој дипломирал на Институтот за новинарство, се обидува да ја пронајде својата струка во животот. Откако извесно време работи како дописник за политички вести, потоа – како крупие во казино и на крајот – како шеф на одделот Преиспитување во...

Капка веселба

Селведин Авдиќ

200 ден.

134 стр. / А5 (200 х 140), 2021

Овој роман се чита како поетична посвета на предвоена Зеница во Босна и истовремено како ламентација за постранзицијата, односно за тоа што останало од мултикултурниот и индустриски организам. А тоа се неговите жители, одеднаш изгубени и несреќни. Главниот јунак Миран се враќа во градот по војната, еден ден после земјотрес и голема поплава. Тој ќе се обиде да живее мирно, во трошна зграда, со разнобојни соседи и спомени, ќе започне...

Дона Алба

Џиб Михаеску

500 ден.

434 стр., формат: 200 х 140 (А5), 2022

Главните ликови во овој грандиозен роман се фатална жена и вљубен млад човек, подготвен на сè заради неа. Но, тоа е модерен урбан роман, извонреден по својата мистична атмосфера на Букурешт меѓу двете светски војни. Џиб Михаеску раскажува модерна приказна за принцези, принцови и просјаци. Ова е модерна урбана сторија за жените, парите и кариерите, сместена во тоа време. Се смета за голем љубовен роман во романската и на европската...