Македоника Литера

Русинката

Џиб Михаеску

500 ден

200 х 140, 320 стр., 2023

 

Ремек-дело на еден од најголемите романски класици.

Еден од најдобрите воени романи на европската литература, воен роман во форма на модерна бајка.

Дејството – на границата меѓу  Романија и Русија, набргу по Октомвриската револуција.

Главен лик – романски офицер, растргнат меѓу воените обврски и романтичниот порив спрема жените кои се неговата најголема опсесија. Дали тој ќе го најде својот идеал, изграден со читањето на класични руски автори, или ќе сретне многу поинаква Русинка? Потрагата по идеалната жена се претвора во своевидна детективска приказна, на чија заднина се откриваат многу човечки судбини.

    Превод од романски јазик: Ирина Кроткова

Во главата на Бруно Шулц

Максим Билер

150 ден

56 стр., А5 (200 х 140), 2023

 

Во новелата „Во главата на Бруно Шулц“ Максим Билер раскажува приказна за големиот еврејски писател Бруно Шулц. Во оваа магична, трагикомична, бурлескна новела, тој ни нуди патување до полскиот град Дрохобиц, во светот на Бруно Шулц, во 1938 година. Нè води во подрумот каде што Бруно Шулц, кој работи како гимназиски професор по уметност и сонува за писателска слава во Европа, му пишува писмо на Томас Ман. Тој се надева дека светски...

Се викам Селма

Селма ван де Пере

400 ден.

202 стр., 200 х 140 мм, 2023

 

„Се викам Селма“ е неверојатна мемоарска книга на една Еврејка, жена борец на Отпорот во Холандија, која преживеала нацистички кампови и логори. Кога избувнала Втората светска војна имала само 17 години. Тоа што била Еврејка дотогаш не играло никаква улога во нејзиниот живот, но наеднаш станало прашање за живот и смрт. Користела лажен идентитет и ги преживеала воените ужаси и мачеништвата во логорите. За тоа време никој не знаел дека...

Неразбудениот

Ранко Матасовиќ

250 ден.

188 стр., 200 х 140 мм, 2023

 

„Неразбудениот“, е роман со автобиографски елементи, хрони­ка на загрепското поднебје и хрватското општество од 1920-тите до 2000-тите години. Животот на Радован Маретиќ, главниот јунак на овој роман, е опишан низ погледите на луѓето од неговата околина – семејството, пријателите, соработниците, љубовница­та… Секој од нив додава по едно камче во мозаикот кој го создава ликот, кој ја создава личноста. Авторот вешто го крие сезнајниот...

Дожд во Париз

Роман Сенчин

500 ден.

364 стр., 200 х 140 мм, 2023

 

„Дожд во Париз“ е психолошки роман. Многумина добиваат желба да избегаат од неуспеси и пресврти или од сивилото во коешто живеат. Некои луѓе треба само да одвојат малку време за да ги вратат работите во нормала. За некого целосната промена на сценографијата нема да биде доволна – секогаш ќе има нешто што нема да дозволи да биде одвлечен од минатото...

И покрај националните пресврти...