Македоника Литера

Јас не сум прељубница

Лиу Џенјун

500 мкд

296 стр., 200 х 140 мм, 2025

 Оригиналниот наслов  на „Јас не сум прељубница“ е „Јас не сум Пан Џјинлиан“. Пан Џјинлиан е познат лик од кинеската книжевност – таа е најпознатата прељубница во историјата на кинеската книжевност. Англискиот превод на насловот на овој роман е „Јас не го убив маж ми“, а на филмот снимен според овој роман – „Јас не сум госпоѓа Бовари“.

Лиу Џенјун (1958) е кинески романсиер и филмски сценарист. Автор е на повеќе од петнаесет романи и новели. Половината негови романи се филмувани според негово сценарио. Негови најпопуларни романи се „Некој за разговор“ (познат и како „Една реченица вреди десет илјади реченици“) и „Јас не сум Пан Џјинлиан“ (2012).

Повеќето негови дела се продавани во милионски тиражи. Неговите дела се преведени на триесетина јазици. Во 2011 година, со „Некој за разговор“ („Една реченица вреди десет илјади реченици“) ја освои високата кинеска награда за литература „Мао Дун“ и стана неговото најпродавано дело. Во 2018 година, беше награден со француската „Шевалие де летр е дезарт“.

Голем дел од популарноста на Лиу Џенјун произлегува од филмовите засновани на неговите романи, вклучувајќи го и блокбастерот „Мобилен телефон“, сите во режија на познатиот кинески режисер Фенг Сијаоганг. Меѓу нив е и филмот „Јас не сум госпоѓа Бовари“. Филмовите адаптирани од неговите дела исто така освоија повеќе меѓународни награди. Филмските серии според неговите дела имаат висока гледаност.

Лиу Џенјун е познат по внесувањето на политичката критика во своето творештво, како и по застапувањето за социјална правда. Ваквата општа...

Досада

Алберто Моравија

500 ден.

302 стр., 200 х 140 мм, 2025 г.

„Досада“ е храбар, евокативен, никогаш досаден роман. „Досада“ нуди длабок и безмилосен портрет на поединец лишен од интегритет. Романот дава детали за два маестрално изградени лика кои се сосема различни и необични, но сепак пленуваат. Ова е фасцинантен и провокативен роман кој ги истражува односите меѓу здодевноста, сексуалната опсесија и богатството во општествените слоеви во Рим од 1950-тите.

...

Кутриот Дионис

Михај Еминеску

200 ден.

70 стр., 200 х 140 мм, 2025

„Кутриот Дионис“ од жанровски аспект претставува комбинација од фантазија, историска фантазија, филозоф­ска фикција, филозофска лирика, сатира. Ова прозно дело, класифицирано од науката за литературата како роман, новела или роман бајка, е либерална интерпретација на современата германска филозофија и на антички мотиви, третирајќи теми како патување низ времето и реинкар­на­ци­ја низ објективот на посткантовскиот идеализам. Централ­ниот...

Прегорување

  Петр Шестак

250 ден.

126 стр., 200 х 140 мм, 2025

Овој краток роман е фрагментарен монолог од курир кој вози велосипед низ градот, доставувајќи храна до оние кои се посреќни и поуспешни од него. Тој е современ работник, извршител на услужни работи, доставувач на нарачки на платформа, а себеси се смета за претприемач. Тој нема шефови над себе, но тиранијата на шефовите е заменета со тиранијата на алгоритмите. Нема шефови, но нема ниту перспектива некогаш да стане шеф. Сè додека може физички...

Живот во гроб

 

 

 

Стратис Миривилис

600 ден.

348 стр., 200 х 140 мм, 2025 г.

Романот ,,Живот во гроб“, со поднаслов „Книгата на војната“, досега доживеа над педесет изданија на грчки јазик, преведен е на многу јазици и е најиздаваниот, најпопуларниот и најчитаниот роман во грчката литература.

Напишан е во форма на писма, испраќани до саканата девојка од фронтот во близина на Битола, на падините под Пелистер за време на Првата светска војна. Изобилува со прекрасни...